Започна имунизацијата на деца во Штип, денеска се закажни околу 38 деца над 16 годишна возраст

Започна вакцинацијата на деца над 12 години со вакцини од производителот „Фајзер“ и во Здравствениот дом „Панче Караѓозов“ во Штип. Овде се пријавени околу 38 деца, но тие се на возраст од 16 и 17 години. Меѓутоа и за децата важи правилото дека доколку сакаат да се вакцинираат, а немаат закажан термин, ќе бидат услужени. Најголем интерес за вакцинирање со „Фајзер“ има заради патување, велат медицинските лица.

„Во Штип се пријавени 38 деца на возраст од 16 и 17 години и има доволно вакцини. Секако, секој што ќе дојде е услужен, бидејќи влезот за вакцинација е слободен. Инаку, некои граѓани се мотивирани од здравствени причини, имаат хронични болести и за нив е препорачано одреден тип на вакцина. Сепак, претежно мотивацијата за вакцината „Фајзер“ е патување во странство“, изјави Дијана Коцева – Миланова.

Во меѓувреме во салата „Јордан Мијалков“ освен што се врши ревакцина, започна и обука на медицински лица од регионот за апликација на „Фајзер“.

„Денес во салата „Јордан Мијалков“ се врши обука на останатите центри од здравствените домови за апликација на „Фајзер““, додаде

Дел од тинејџерите кои денеска имаа закажано за вакцинација велат мотивација е патување во странство, за други во прв план е здравјето, но сите се согласни дека граѓаните треба да се вакцинираат.

„Јас сум 17 години. Ние најмногу сме мотивирани поради патување, но и зачувувањето на здравјето има голем дел. Нели, за да се заштитиме од вирусот.“
„Па повеќе се вакцинирав од здравствени причини, не толку многу за патување. Сметам дека сите треба да се вакцинираат за да ја надминеме пандемијата со постигнување на колективен имунитет.“

И оваа недела продолжува теренската вакцинација. Екипи од Штип денеска беа во селата Долани, Љуботен, Балталија, Лакавица, Пухче и Степанци, а утре ќе се посетат Шашаварлија, Кошево и Почивало.

Лаура Стојанова МНет