
Во последните 24 часа од направени 3 470 тестирања регистрирани се 18 нови случаи на Ковид 19, 8 во Тетово, 4 во Скопје, по 2 во Гостивар и Охрид и по еден случај во Радовиш и Дебар, информираат од Министерството за здравство. Нема регистрирано починато лице а оздравени се 5 лица.
Според податоци од Институтот за јавно здравје во Општините од Истокот има само 3 активни случаи на ковид 19 и тоа 2 во штип и еден во Берово. Во меѓувреме нема ниту еден хоспитализиран пациент со ковид 19 во модуларната ковид болница во Штип во последната недела дена.
Досега во земјата се направени вкупно 923.515 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.882, бројката на оздравени пациенти е 150.159, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 236.
Лаура Стојанова М-Нет