Едно лице од Делчево повредено во сообраќајна несреќа кај М. Каменица

Едно лице од Делчево е повредено во сообраќајна несреќа што се случила доцна синоќа на магистралниот пат А3 Делчево – М. Каменица кај место викано Каменички рид. Поради несреќата патниот правец Делчево – М. Каменица утрото се одвиваше само по една коловозна лента. Имено според информациите од СВР Штип на 16.07.2021 во 02.40 часот по полноќ во СВР Штип било пријавено дека на магистарален пат А-3, на патниот правец Македонска Каменица – Делчево во Македонска Каменица се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило, со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.С.(42) од Велес и патничко возило „нисан“, со цол таблички, управувано од Д.С.(35) од с.Звегор, делчевско. По незгодата Д.С. е пренесен во Клинички центар Штип, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Портпаролката на Клинички центар Штип, Марина Шуманска потврди дека повредено лице во сообраќајна несреќа синоќа е пренесено во Клиничкиот центар и се наоѓа во шок соба. Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Делчево.