Д-р Владимир Ристовски: Се зголемува бројот на срцевите болести кои дојдоа до израз во услови на пандемија

Запушување на волуменот на крвните садови кои го хранат срцевиот мускул може да предизвика акутен инфаркт. И се почесто се случува помеѓу граѓаните предизвикан од секојдневниот стрес вели, Д-р Ристовски. Кои се симптомите и последиците?

„Симптомите може да бидат различни и зависи од типот на инфарктот. Најчестиот симптом кој се појавува кај човекот е болка во градите. Што се појавува во пределот на градниот кош. Болки на десната страна на рамото, а понекогаш може да биде и во бесознание и вртоглавца.“ Изјавува, Д-р Ристовски-кардиолог

Кога станува збор за терапијата и превенцијата кај акутниот инфаркт Д-р Ристовски вели дека колку побрзо се третира на време толку подобро.

„Терапија на избор е препознавање на инфарктот. Па, започнуваат начините на снимање и плансирање на стент. Со други зборови колку побрзо се реши овоа ситуација толку подобро.“ Изјавува, Д-р Ристовски-кардиолог

Пандемијата ни даде нова насока во животот ни донесе дополнителен стрес, а со тоа се зголеми и појавата на кардиоваскуларни болести.

„Самата пандемија предизвика срцеви заболувања. И оние која ја прележаа пандемијата со самите тие крвни згрутчувања, создавање на микротромби. Кои може да предизвикат запушување на крвните садови на срцето и на белите дробови. Па, со самото тоа се зголеми и бројот на срцевите заболувања.“ Изјавува, Д-р Ристовски-кардиолог

Но, со самото тоа се зголемува инфарктот и кај помладите пациенти на 30 годишна возраст вели, Д-р Ристовски

„Она што е проблем и што не е убаво е тоа што се зголеми бројот на инфаркти кај помладите пациенти.“ Изјавува, Д-р Ристовски-кардиолог

Надица Стојковска/ М Нет