
Спортскиот педагог и пливачки тренер Мирко Јакимовски не инормираше за најновата покана за учество на традиционална пливачка манифестација. Имено во сабота на 17 јули ќе се организира пливачкиот маратон „Преспа 2021“ на кој се поканети и учество ќе земат нашите надежи членови на ПСК „Челични“од Штип.

На програмата ќе бидат трките на 800 метри и на 2.5 км. и на нив ќе настапат следните пливачи: Ивона Наумова, Вероника Зашевска, Методи Георгиев, Јован Иванов и Горазд Чучков. Патеките ќе бидат кружни и обратно од стрелките на часовникот а организаторот за сите учесници од различните возрасни категории ќе додели дипломи а за најдобрите и најуспешните натпреварувачи во машка и во женска конкуренција ќе се доделат пригодни награди, пехари како и парични награди.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk