Музичките уметници Деспина Илиева и Тамара Лазарова кои свират на пијано и флејта вечерва во Безистенот во Штип како дел од програмата на Штипско културно лето публиката ќе ја забавуваат со нивните музички ноти. Секоја со свој посебен талент во себе. Тамара Лазарова започнува во музичките води на своја пет годишна возраст па до ден денес негувајќи ја љубовта кон флејтата. Многубројните настапи по фестивали на Лазарова и помогнале многу бидејќи, се одразувале и нејзината денешна кариера. Од вечерниот настап очекува дека на публиката ќе им се допадне како ќе се престават тие.
„Љубовта кон флејтата ја започнувам од своја пет годишна возраст и продолжувам активно да ја негувам. Вечерва се надевам дека на штипјани ќе им се допадне нашиот настап и ќе уживаат.“Изјавува, Лазарова-флејтистка
Деспина Илиева е дипломиран пијанист, магистрант на Факултетот за музика во Грац, Република Австрија. Љубовта кон пијаното и го променува животот и горда на себе што се одлучила токму за овој музички инструмент.
„Случајно го одбрав пијаното и навистина не се каам за таа одлука. Пијаното многу го промени мојот живот и горда на себе сум што сум денес тамау кај што треба. И се разбира продолжувам напред кон нови цели“. Изјавува, Илиева( пијанистка)
Со секојдневна комуникација и подготовки за следната програма. Илиева со иста надеж дека вечерва штипјани ќе се забавуваат со звукот на класичната музика.
„Се надевам дека публиката ќе ужива вечер и ќе им се допадне нашиот настап. Бидејќи, на самите настапи можам да забележам дека навистина публиката ја сака класичната музика.“Изјавува, Илиева( пијанистка)
Младите уметници Лазарова и Илиева се надеваат и на нови настапи за кои ќе биде известена публиката.
Надица Стојковска/ М Нет
