
Депонијата која се наѓа на локалитетот Трештена скала во Општина Штип денеска со поинаков изглед. Откако директорот на ЈП„Исар“ добил наредба од Градоначаникот на град Штип Сашко Николов, како знае и умее депонијата да се исчисти веднаш се фатиле за работа. Сега преку презентација пред и на лице место потоа можае да се забежат видните ралики.
„Во еден разговор со Градоначалникот, д-р Сашко Николов, добив задача, по штипски кажано, како знам и умеам да ја расчистам депонијата. Меѓутоа неговата помош беше огромна. Во тој момент немаше распишано тендер за расчистување на депонијата и тој преку негови пријатели и познаници успеа да донесе еден куп машини и заедно со дел од нашата механизација за седум дена успеавме да го направиме ова. Нашата идеја е овој дел веќе да не дозволиме да биде во една таква форма како што беше, туку оваа површина да ја опремениме и со еден позитивен пример, со засадување на зимзелени садници, нормално, со наводнување на истите да покажеме дека и депонијата може да биде едно пристојно место, каде што барем може да се помине.“, изјави Здравко Коцев, директор на ЈП „Исар“.
Работата која се заврши на оваа депонија била напорна и макотрпна, но сегашното задоволство е взаемно.
„Заедно, со заеднички сили со јавните претпријатија „Исар“ и „Стипион“ и градежните компании успеавме целата оваа депонија да ја исчистиме. Ова беше еден лош пример како треба да си ја чуваме нашата околина, нашата средина во која нашите деца растат и се развиваат. Ова е пример како треба да биде и во иднина. Ќе покажеме и во нашата држава, па и во пошироко на регионов како треба да изгледа една депонија, каде што нашите граѓани ќе бидат доволно општествено одговорни и совесни да одложувањето на отпадот го прават на вистинското место.“, изјави д-р Сашко Николов, Градоначалник на Општина Штип.
Во иднина се предвидува да се постави капија на која ќе има обезбедување со цел сегашната слика на деонијата да се измени и врати како што беше некогаш. Во меѓувреме на оваа депонија се исгубрува дневно по околу 350 до 400 метри кубни ѓубре.
Лаура Стојанова МНет