Се врши теренска вакцинација во штипските и кочанските села, заинтересираност има

Во тек е теренската вакцинација во кочанските и штипските села. Тим од еден доктор, две медицински сестри и еден администратор од Кочани вршат теренска вакцина во кочанските села, а тим од еден доктор, три медицински сестри и еден администратор од Штип во штипските села.

„Вчера на терен колегите беа во село Облешево како и во Кочани во ромското маало. Излезеноста беше прилично голема, поголем број на лица беа заинтересирани во ромското маало во Кочани. Денес теренската вакцинација се одвива во село Чешиново, додека утре продолжуваме во село Спанчево.“ – истакна Лидија Анастасова, докторка.

„Вчера теренската вакцинација се одвиваше во Три чешми и неколку села, оздивот на луѓето беше добар очекуваме дека и денес ќе биде исто“ – кажа Викторија Ефтимова, медицинска сестра.

Инаку, во тек е и ревакцинацијата на вакциналниот пункт во Кочани со вакцините „АстраЗенека“, „Синовак“ и „Синофарм“. Во Штип, пак, ревакцинација се врши во салата „Јордан Мијалков“ со вакцините „Синовак“ и „АстраЗенека“, а вакцинацијата во Здравствениот дом „Панче Караѓозов“.

Медицинските лица велат дека засега успеваат да ги покријат сите населени места со персоналот со кој располагаат и покрај големата заинтересираност на граѓаните.

Лаура Стојанова М-Нет