Улиците кои се со коцки во Штип ред за реконструкција ќе чекаат во новиот мандат на градоначалникот Николов

Во Општина Штип се реализираат прокети односно, реконструкција на улици и тротоари, разубавување на централното градско подрачје, но и на приградските урбани и рурални средини. Дел од досегашните улици како на пример „Сутјеска“ бидејќи е една од главните артерии во овој град за осум години беше два пати реконструирана, а други улици чекаат да дојде нивниот ред. Но, покрај улици кои имаат потреба да бидат реконструирани целосно има и такви кои немаат тротоари или пак се поплочени со коцки. Дали тие улици е предвидено да добијат нов и модерен изглед го прашавме првиот човек на град Штип, Сашко Николов.

„Самите проекти кои ги имавме, финансии на почетокот беа планирани средување, рехабилитација и реконструкција беа на некаде 12 до 13 улици. Со реакција на самиот Буџет на Општина Штип, со негативните електронски аукции успеавме да избоксуваме со Буџетот од 20 милиони денари наместо 15 улици завршивме оваа година со 26 улици. Тоа е некој максимален максимум што можеме да го изведиме во реконструирањето на улиците. Во наредниот мандат да сме живи и здрави 2022, 2023, 2024 продолжуваме со истиот интезитет“ – истакна Николов.

Граѓаните во одредени делови во Штип велат потребни се и дополнителни тротоари.

За реконструкција на овие улици кои се со коцки, како поставување на нови тротоари штипјани треба да почекаат за нов мандат на сегашниот градоначалник.

Лаура Стојанова М-Нет