
Во Општина Штип подолг временски период пајак службата односно пајак возилото кое е донација од град Скопје не беше во функција. Расипаната хидроулика на ова возило не дозволуваше извршување на неговата основна функција. Пред околу два месеци истото е поправено, но тоа не значи дека сега во штип пајак возилото регуларно ќе работи, туку дека може да се користи само во одредени моменти и тоа само за кревање на стари и хаварисани возила.
„Пајакот во нашето претпријатие е веќе активен, меѓутоа малку е постара варијанта и не сакаме да го користиме за понови возила“ – истакана Трајче Коштанов
Коштанов додаде дека и делови во централното градско подрачје во Штип каде треба да се користи пајак возило тоа не може да се случи заради структурата на градот. Засега не се размислува да се набави ново пајак возило во Општина Штип бидејќи основните потреби се задоволуваат и со поставување на канџи.
Лаура Стојанова М-Нет