
Започна теренска вакцинација во Општина Штип, меѓутоа не по руралните средини, денеска екипа од вакицоналниот пункт во Штип беа во Казнено поправната установа затвор Штип. Од таму потврдија дека има заинтересираност а само во прва смена се вакцинирани околу 100 затвореници или околу 50%. Во меѓувреме во салата Јордан Мијалков се врши ревакцина и има слободен влез за аплицирање прва доза вакцина. Единствено нешто што е фали е поголема заинтересираност и масовна имунизација.
„Денеска се одвива вакцинација и ревакцинација на населението и тоа конкретно денес имаме ревакцинација со Астра зенека, Синовак и Фајзер. Во тек е и слободна вакцинација односно слободен влез за сите граѓани кои немаат добиено термин слободно може да дојдат и да бидат вакцинирани. Започната е и теренска вакцинација, денеска имаме екипа во затворот во Штип“ – кажа Иле Постолов, заменик координатор за вакцинација.
Инаку по 10 те потврдени случаи на делта сојот во Македонија, од Министерството за здравство истакунуваат дека единствен начин на не дојде до нов ковид бран е масовна вакцинација на населението. Во меѓувреме секојдневно се известуваат граѓаните дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови во државата.
Лаура Стојанова М-Нет