МОН: Од октомври редовните студенти ќе може да користат субвенциониран оброк

Студентите на државните и приватни универзитети од октомври годинава ќе може да користат субвенциониран оброк, информираат од МОН. Месечниот износ за студентски оброк е во висина од 2.400 денари .

„ Министерството за образование и наука информира дека право на користење на финансиската поддршка за субвенциониран студентски оброк во месечен износ од 2.400 денари ќе имаат сите редовни студенти на додипломски студии на државните и приватните високообразовни установи.“ – информираат од МОН.

Студентите кои сакаат да аплицираат за студентски оброк освен што треба да бидат редовни студенти на додипломски студии на државни или приватни високообразовни установи и државјани на Македонија, истовремено треба да исполнуваат и дополнителни услови како:

да не се во редовен работен однос;
да не се регистрирани како индивидуални земјоделци;
да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година.

Правото на субвенциониран студентски оброк ќе се остварува преку аплицирање, за што МОН дополнително и навремено ќе ја информира јавноста.

Лаура Стојанова М-Нет