Со туѓа картичка играл игри на среќа од Државна лотарија на Македонија

ОВР Свети Николе поднесе кривична пријава против Т.К.(29) од с.Ерџелија, светиниколско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Пријавениот, во периодот од 27.05. до 13.06.2021, искористил податоци од кредитна картичка сопственост на Ф.С. без негова согласност и преку негов телефонски апарат се логирал на веб страната на Државна лотарија на Македонија и играл на игрите на среќа со паричните средства и се стекнал со противправна имотна корист од 51.353 денари.