Од петок 25 јуни во Таринци започнува со работа БК „Киро Ристов“

Името на некогашниот боречки ас на Балканец од Штип ќе ги краси просториите и членовите на новиот боречки клуб кој утре, петок 25 јуни ќе ја дочека светлоста на денот.Според информациите од тренерот Трајче Димков клубот ќе го раководи Претседателот Васил Богдански и во него ширум ќе бидат отворени капиите за сите оние млади кои ќе посакаат да тргнат по патот на легендарниот ас, Киро Ристов. Се подготвува специфично сценарио за самиот свечен чин на почеток на работа на клубот во присуство на голем број ценети спортски работници, некогашни славни боречки легенди како и сегашни боречи кои битисуваат на домашната и на меѓународната сцена. Очигледно борењето припаѓа во категориите на најтрофејните македонски спортови,кои со своите успеси придонеле за своја лична афирмација, за слава на нивните клубови и за величење на самото македонскоро борење. Во последно време борењето е спорт на стагнација и токму р’тењето, изникнувањето на нови боречки клубови гаи надеж за враќање на традицијата и на „жетвата“ на нови медалји и трофеи.

Церемонијалот на свеченото промовирање на боречкиот клуб „Киро Ристов“ ќе се случи утре, петок 25 јуни во Таринци со најискрени желби од спортската редакција на Мнет ТВ за квалитетна и бериќетна селекција на младите борачи кои ќе ја продолжат традицијата и славата на легендарниот ас, Киро Ристов.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk