По три дена пауза во вакциналниот пункт во Штип само се ревакцинира

Откако три дена по ред не работеше вакциналниот пункт во Штип, заради продолжениот викенд, денеска вратите на салата јордан Мијалков беа отворени но само за лицата кои требаше да примат втора доза вакцина.

Не се знае кога точно ќе се започне со аплицирање прва доза вакцина, бидејќи се чекаат насоки од Министерствто за здравство.

„Денеска се врши ревакцина со „Фајзер“ и има закажано 350 граѓани, а за утре има закажано 150 граѓани за прва доза со „Синовак““ – истакна Д-р. Александар Стојанов

Во меѓувреме продолжениот викенд многу македонски граѓани го искористија за излез од државата кон соседна Србија, дел од нив на ревакцина, но дел и за прва доза вакцина.

Намалено темпо ќе има и наредната недела бидејќи следната поголема пратка околу 600.000 дози се очекуваат на крајот на јуни.

Во моментот во Македонија за прва вакцина се користат донациите со Синовак од Турција и Астра Зенека од Грција само за лицата над 60 години, како и Фајзер од каде секој понеделник испорачуваат околу 12.000 дози. 

Лаура Стојанова М-Нет