
На 18.06.2021 во 14.01 часот во СВР Штип било пријавено дека околу 13.40 часот пред Градскиот пазар во Штип, по претходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.С.(31) и Ш.Ќ.(60), двајцата од Штип, по што А.С. физички ги нападнал и сопругата и ќерката на Ш.Ќ. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.