Горан Пандев не присуствуваше на денешниот тренинг во Амстердам

Македонската новинарска екипа денес од Скопје, преку Белград пристигна во Амстердам и ја имаше честа веднаш да се упати на тренингот на нашата селекција. Веднаш падна во очи отсутсвото од тренинг на капитенот Горан Пандев, како и одделната, намалена работа со интензитет за Алиовски, Адеми и Велковски. Бидејќи протоколите се строги и не дозволуваат контакти или изјави од играчите, вистинска енигма преставува денешниот тренинг, дали се крие нешто поради изложеноста пред многубројните репортерски екипи, или се работи за некоја нова тактичка идеја и замисла останува да се види на претстонјиот меч со Холандија. Досега учинокот на Холандија е две постигнати победи, против Унгарија 3:2 и против Австрија 2:0 а Македонија доживеа два порази и тоа со Австрија 3:1 и пораз од Украина 2:1. Овој натпревар ќе биде последен за селекцијата на Македонија во нашата „ Ц “група во која нашите ги загубија сите шанси за пласман понатаму. Натпреварот Македонија – Холандија ќе се одигра во понеделник 21 јуни на Јохан Кројф арената во Амстердам со почеток во 18.00 часот.

Од Амстердам Специјално за Мнет ТВ – Штип, Драги Герасимов – Пушка