
Во рамки на задолжителната државна матура средношколците денеска го полагаат вториот екстерен испит. Екипата на М-Нет телевизија беше во гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип. Средства за дезинфекција на самиот влез, мерење температура, одржување на дистанца, во училница по максимум 15 ученици на соодветно растојание беше сликата од денешниот ден. Со почитување на мерките и протоколите за заштита од ковид 19 се спроведе денешното полагање на втор екстерен предмет.
Резултатите од полагањето матура се окечува да бида готови за 30 дена од денот на полагање.
Учениците задоволни од полагањето матура.
Најголем интерес има за полгање странски јазик, покажа статистиката на Државниот испитен центар, додека тест по математика избрале само 1529 матуранти, од над 15 000 колку што годинава се пријавиле за полагање државна матура. За матурантите имаат коронавирус или се во изолација, овозможени се дополнителни термини за полагање на 25 и 28 јуни. Оние матуранти пак кои нема да ја положат матурата во јуни, ќе имаат втора можност во августовската сесија – термините се 11 август за првиот екстерен и 13 август за вториот екстерен испит.
Лаура Стојанова М-Нет