
Ковид ситуиацијата како во државата така и во општините од Истокот охрабрувачка. Бројот на новоинфицирани пацинети сведен на минимум, а намален и е бројот на починати лица. Во Клиничката болница во штип хоспитализирани се само 8 пациенти во модуларната ковид болница, слободни се 43 кревети а само двајца пациенти имаат потреба од кислородна поддршка, информираше Потпаролот на Клиничка болниа Штип, Марина Шуманска. Нема ново примени лица позитивни на корона вирусот во последните 24 часа, а едно лице е регистрирано како оздравено. Во меѓувреме две општини од Истокот се меѓу шесте града во државата во кои нема активни ковид случаи, односно во Пробиштип и Пехчево. Според информации од Министерството за здравство во Штип има активни 3 случаи на ковид 19, 7 во Кочани, 10 во Виница, 4 во Делчево.
Досега во земјата се направени вкупно 823.776 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.487, бројката на оздравени пациенти е 149.582, на починати е 5.468, а бројот на активни случаи изнесува 437 лица.
Лаура Стојанова М-Нет