
Потпишан меморандумот за соработка меѓу јавните претпријатија во Општина Штип и Карбинци и јавното претпријатие „Хидросистем Злетовица“. Со ова завршува театарот за штипјани и конечно граѓаните од Градот под Исарот ќе добијат најмодерна технологија за пречистување на водата за пиење, посочи градоначалникот на Штип, Сашко Николов.
„Со приклучувањето на Штип со овој хидро систем долгогодишно го решаваме долгогодишниот горчлив проблем на штипјани водоснабдувањето, на самиот град и сите приградски населби, со квалитетна вода за пиење некаде околу 360 литри во секунда, што ги задоволува максималните потреби за водоснабдување на целата општина Штип“ – искатна Николов.
Започнувајќи со тест период предвидено е општините да добиваат вода за пиење од хидро системот Злетовица, а тоа снабдување да биде со најголем капацитет.
Со овој проект се решава проблемот со вода за пиење и во Карбинци. Градоначалникот на Карбинци Јордан Насев посочи дека ова е од огромно значење за општината, а голема е важноста и за Општина Прибиштип.
На средбата гоговорена е динамиката на поврзување на новата филтер станица во Штип која ќе се гради со средства обезбедени од Владата. Инвестицијата е во вредност од 5 милиони евра неповратни средства.
Лаура Стојанова М-Нет