Бочварски: Се работи на новиот Закон за легализација на дивоградби за 50 илјади граѓани да не останат без кров над глава

Над 50 илјади нелегално изградени објекти ќе треба да бидат отстранети од градоначалниците во општините во нашата држават доколку не се донесе Законот за легализација кој е повлечен, истакна денеска Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Голема е потребата за носење на ваков Закон, но со спречување на можностите за негова злоупотреба, искатна Бочварски. Станува збор за градбите кои се во заштитените зони кои треба да бидат изземени од законското решение. Бочварски со надеж дека Законот ќе се реализира успешно.