
Кик боксерот на Гладијатор од Штип, Никола Нацев ги собра симпатиите на традиционалниот „Гран При Сараево“ турнир освојувајќи две медалји во две дисциплини. Според информациите од тренерот Шенол Асанов Никола Нацев најпрви во дисциплината Кик – лајт а во категорија + 94 кг. загуби во финалето од србинот Марко Лезајич на поени 2:1 и освои сребрен медал. Подоцна Никола Нацев во дисциплината Лајт – контакт во финалето го победи србинот Паво Андријанич на поени 3:0 и го освои златниот медал. Ова е уште еден голем успех за Никола Нацев кој под водство на тренерот Шенол Асанов ја продолжува „жетвата“ на медалји на респектабилните меѓународни турнири.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk