
Заслужениот одмор во родниот Штип е награда за младиот фудбалски интернационалец Бојан Миовски по напорната сезона во Првата OTP BANK лига на Унгарија. Екипата на МТК на крајот го освои 7 место во конкуренција на 12 екипи со 42 освоени бодови а шампион на лигата беше тимот на Ференцварош со 78 бодови.Бојан Миовски беше одлично примен од раководството, стручниот штаб и од своите соиграчи а тој со своите игри и постигнати голови се оддолжи на своите претпоставени. Тој постигна вкупно 9 голови, 7 првенствени и два во Куп – натпреварите а беше осумпати асистент. Деновиве Бојан Миовски е во Штип, во кругот на семејството и на своите другари и пријатели и не го криеше задоволството од нашиот повик. Ексклузивно за Мнет ТВ, Бојан Миовски рече дека во екипата на МТК стекнал неопходно искуство, потребно му е уште време, утакмици за собирање на самодоведба и дека е рано за размислување околу превземање на следен чекор, односно промена на клубот, што во превод значи најмалку уште една сезона во МТК. Засега тој уживаше во домашната релаксација во родниот Штип а денес се упати на посебен одмор на негова омилена дестинација, но за нас непозната( не сакаше да ја открие) и од се срце му посакуваме пријатни рекреаивни денови а наскоро и успешно продолжување на фудбалската кариера во Унгарија.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk