
Во спортската сала „Парк“ во Струмица се одигра првиот полуфинален меч во рамките на Сребрената Одбојкарска лига на Европа. По мошне долга, тешка, возбудлива и неизвесна борба на крајот на натпреварот резултатот беше Македонија – Хрватска 3:2 или по сетови 15:25 – 25:19 – 25:22 – 21:25 – 15:12. Со ова победа Македонија е првиот финалист и противникот ќе го чека вечерва кога во Струмица ќе се сретнат Унгарија – Данска. Ова е историски успех на македонските одбојкари кои конечно ќе ја имаат можноста да се борат за европското злато.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk