Пет нови решенија за изолација на истокот

На подрачјето на СВР Штип во текот на изминатото деноноќие на 5 лица им се издадени Решенија за изолација.

Од страна на полициски службеници извршени се 60 контроли  над лица во изолација и 81  над лица во самоизолација. Едно лице не го почитувало Решението за изолација.

Забраната за движење не ја почитувале 2 лица, истите се приведени , земени им се податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Поднесени се 2 известувања и 10 кривични пријави по чл.206 од КЗ. Контролирани се вкупно 154 објекти.