
На спортско качувачкиот стадион во Карпош се одржа Државното првенство во дисциплината Водство на кое по сите правила и стандарди на вештачка карпа настапија натпреварувачи од 4 македонски клубови.




Штипските членови на Астибо, 21 на број постигнаа вреден успех освојувајќи вкупно 15 медалји, од кои 5 златни, 6 сребрени и 4 бронзени медалји.Први места во своите дисциплини освоија: Матеј Марков, Васил Караѓозов, Натали Трангалова, Давид Берков и Мирјана Стојанова. Втори места освоија: Игнат Санев, Мартин Стојанов, Михаела Санева, Лина Симонова, Јордан Стојанов и Мила Митреска. Трети места освоија: Нела Ангелова, Софија Јорданова, Ирина Узунова и Јован Лонгуров.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk