Заради една заборавена рата, господинот Коце од Штип оставен без електрична енергија

Животната голгота на господинот Коце Здравев од Штип започнува пред многу години кога губи спор со ЕВН. Од тогаш тој плаќа долг, кој како што вели господинот Коце го плаќа по втор пат, а во меѓувреме редовно си плаќа и сметки за потрошена електрична енергија. И така се до денес, кога од изутрина електричната енергија му е исклучена, и е лишен од правото во 21 век да живее во нормални услови.

„Оваа голгота и овај криминал ЕВН што го прави не е од денес туку со години. Јас потпишав во месец декември, од јануари почнав да ги плаќам сметките. Несвесно сум ја заборавил сметката за месец декември, при што утринава без да ме исвестат ми ја исклучија струјата. Прашав за што се работи ми кажаа имаш долг. Отидов ја платив сметката и плус приклучок, и рекоа во текот на денот ќе ми ја приклучат струјата“ – кажа Коце.

И по наплќањето на сметката која била заборавена и приклучокот за струја, во текот на денешниот ден требало ова семејство да добие електрична енергија. Но, тоа не случило. И шест часа тие чекаат струјата да биде приклучена. Екипата на М-Нет телевизија беше во посета на нивниот дом. Стоеа телефонските повици упатени кон ЕВН, пораките, платените сметки, но струја немаше.

И нашата екипа се обиде да ги добие службите на ЕВН за да побараме одговор. По неколку неуспешни обиди, на крај разговараме со нив, и од таму истакнаа дека струја ќе се приклучи.

„ Корисникот на електрична енергија не е исклучен без причина, тој има долг и затоа струјата му беше исклучена утринава. Да кажавме дека во текот на денот ќе биде приклучена и сеуште стоиме на тоа. Исто така, сакам да му порачам на господинот дека наместо вам, да ги побара службите на ЕВН за да се реши проблемот“ – истакнаа од ЕВН.

Лаура Стојанова М-Нет