Автомобил излетал од патот во виничко, шоферот пренесен во Медицински центар Штип

На 15.05.2021 во 17.10 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат с.Смојмирово-Виничка крстосница, кај место викано „Горна Осојница“, Д.Ф.(39) од Кочани, управувајќи патничко возило „форд фокус“, со кочански регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.Ф., констатирани во Медицински центар Штип. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Виница.