
Без драстични промени ковид – ситуацијата во општините од Истокот. Во штипската болница хоспитализирани се 50 ковид пациенти, од кои 41 во модуларната ковид – болница и 9 на Кожното одделение, кое работи како ковид – оддел. Во последните 24 часа идентичен е бројот на новопримени и оздравени пациенти, односно примени и испишани се по пет лица. Од хоспитализираните 50, поголемиот дел т.е. 41 пациент се со потешка клиничка слика и се на кислородна поддршка. Вакцинирани се само 6 пациенти. Моментално слободни се 5 места во модуларната ковид – болница и едно на Кожното одделение, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска. Во изминатото деноноќие регистрирано е едно починато лице поради компликации од коронавирусот.
Во кочанската болница вкупно хоспитализирани се 16 пациенти на Интерното одделение, кое работи како ковид – оддел. Во последните 24 часа испишани се 2 лица, а новопримени се три пациенти. Од хоспитализиранте 4 лица имаат потреба од кислородна поддршка, а слободни се само две места, истакна раководителот на ковид – одделот во Кочани, доктор Иле Постолов. Нема регистрирано ниту едно починато лице.
Според информации од Министерството за здравство, заклучно со вчера, во земјата се направени вкупно 1.229.600 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 184.277 бројката на оздравени пациенти е 165.077, на починати е 6.307, а бројот на активни случаи изнесува 12.893.
Лаура Стојанова МНет