78 лица боледуваат од грип во Штип, во Кочани и останатите градови од истокот бројот е под 30

Вкупно 78 лица боледуваат од грип во Штип. Во останатите градови од истокот Кочани, Пробиштип, Виница, Делчево, Берово и Пехчево бројот на заболени е помал од 30.
Најголем дел од пријавените се лица на возраст од 15 до 64 години, додека на државно ниво највисока инциденца се бележи кај децата од 0 до 4 години.
Во четвртата недела од 2026 година во Македонија се евидентирани вкупно 1.708 случаи, што е намалување во споредба со претходната недела.
И покрај падот на бројките, инциденцата и понатаму останува над прагот за средна активност.

,,Во текот на четвртата недела од 2026 година, во Македонија се пријавени 1.708 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, 17,2% помалку во споредба со претходната недела (n=2.062).

Заболените лица се пријавени од 28 ЦЈЗ/ПЕ: Скопје – 526, Струмица – 178, Охрид – 113, Прилеп – 111, Куманово – 102, Тетово – 84, Штип – 78, Кавадарци – 77, Дебар – 67, Битола – 55, Гевгелија – 54,

Велес – 42, Радовиш – 32, а во Гостивар, Свети Николе, Кратово, Неготино, Струга, Кочани, Виница,

Македонски Брод, Крушево, Делчево, Пробиштип, Демир Хисар, Кичево, Крива Паланка и Пехчево,

бројот на заболени е помал од 30.“, велат од ЦЈЗ

Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со четвртата недела од минатата сезона (n=1.878) е намален за 9,1%, а во споредба со бројот за четвртата недела од типичната епидемиска крива намален за 33,4%.

Во текот на четвртата недела, пријавената инциденца е над неделната граница за средна активнос. Во однос на возрасната дистрибуција, 1.029 лица се на возраст од 15-64 години, 253 се лица на

возраст над 65 години, 243 се деца на возраст од 5-14 години и 183 – деца на возраст од 0-4 години. Во источниот регион генерално засега се бележи помирна епидемиолошка состојба.

Иван Митев, М-Нет