73 нови лица вчера побарале лекарска помош по случајот со загадената вода во Гостивар

Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера биле прегледани 73 пациенти кои побарале лекарска помош, информираат од Министерството за здравство.

„Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад” Гостивар се регистрирани вкупно 45 нови прегледи, од кои 26 на инфективно (со две нови хоспитализации) и 18 на педијатриското одделение. Во моментот се хоспитализирани по двајца пациенти на инфективно и на одделението за педијатрија“.

Во Здравствени дом Гостивар се регистрирани 28 нови прегледи во дежурната служба, велат од министерството.

Текстот 73 нови лица вчера побарале лекарска помош по случајот со загадената вода во Гостивар е превземен од МАКФАКС.