73-годишен мотоциклист тешко повреден при пад на коловозот во кочанско

На 30.04.2025 во 20.34 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на регионалниот пат с.Соколарци-с.Жиганци, општина Чешиново–Облешево, мопед „хамачи“, без регистарски таблици, управуван од М.Ј.(73) од с.Соколарци паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.