
Во Делчево досега во изолација се 70 лица, а за непочитување на самоизолацијата и за за загрозување на колективното здравје, ПС Делчево до денес има поднесено 5 кривични пријави.
Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трaјковски, упати апел, посебно до младите од Делчево, да не се собираат во групи по домовите, манастирот Балаклија и на Голак, каде деновиве се забележани поголеми групи млади и да ги почитуваат одлуките за самоизолација, со цел да се избегнат несакани последици и интервенции од полицијата.
Соглано со препораката од Владата која се однесува за сите работодавачи, а во зависност од типот на работата и можностите, да се организира работата и начинот на работа на вработените лица преку работа од дома, без да се наруши редовното и нормалното функционирање на институцијата, Трајковски ја информира јавноста дека од понеделник, 23.03.2020, во Општина Делчево ќе се воведат дежурства по одделенијата и секторите, а комункацијата со граѓаните ќе биде исклучиво по телефон или по е-пошта.
Исто така, сите маркети, аптеки, банки и објекти кои даваат поштенски услуги, задолжително да обезбедат редарска служба при влез и во внатрешноста во овие објекти, со цел да се контролира влезот и бројот на лица во истите, така што ќе се обезбеди минимум потребното растојание од два метри помеѓу лицата пред и во објектите.