
68 годишниот Драги Витанов од Штип е роден со оштетен вид. Со утринско кафе му започнува денот, потоа ги завршува домашните обврски, а дополнително пишува и компонира музика, која, како што вели, му е во душа. Со помош на говорни програми на компјутерот и диктафон на телефонот, Витанов создава и покрај оштетениот вид, а деновиве најавува и нова песна. Вели не е ништо тешко, кога се мора, па затоа останува храбро да живее и да се бори.
,,Како и кај сите луге, нормално нели утринско кафе, после тоа обврски околу домот. Подоцна работам и со музиката. Нешто пишувам, нешто ако имам инспирација компонирам, затоа што тоа ми е во душа. Го работам како хоби. Се слушам со пријатели, како од тука, така и од другите градови и странство. Кога треба да се отиде некаде до продавница да се купи нешто е тешко, тој што воопшто не гледа, нема. Најбитни се звучни сензори и во продавници и било каде да се означат во влезовите.“, вели Витанов
Особено она што во животот го радува Драги е музиката, која го крепи и му дава надеж секој ден. Вели дека со помош на денешноите технологии не е ништо проблем.
,,Така што не ми е воопшто проблем што слабо гладам за да работам со хармониката или да пишувам. Со работа на компјутер на говорна програма не ми е воопшто проблем. Тука и е телефонот со диктафонот. Деновиве ќе имам и нова песничка.“, кажа Витанов
Но, покрај повозрасни граѓани кои имаат оштетен вид, во Штип вели Драги за жал има и млади. Само во нивното здружение вели има околу осум лица на возрат од 20 до 40 години
,,Освен повозрасни, има и млади кои имаат проблеми со видот. Во Штип во нашето здружение има околу седум млади лица, мегу 20 и 40 години, кои што се членови, кои исто така ги користат овие програми и телефони.“, додава Витанов
Најголема поддршка во секојдневието, Витанов ја има од семејството, кое му помага во справувањето со предизвиците и му е потпора во секојдневните активности. Поддршката од најблиските, заедно со љубовта кон музиката, му помага да продолжи со своето творештво и да ги реализира своите идеи.
Иван Митев, М-Нет