Казни за возачите кои ,,дрифтаат“ низ штипските улици, бараат граѓаните

Казни за возачите кои дрифтаат низ штипските улици бараат граѓаните. Велат дека, без разлика дали станува збор за млади или повозрасни, ваквото однесување не смее да се толерира, бидејќи ја загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Според нив, на младите не смее да им биде дозволено сè, а надлежните институции мора да си ја вршат работата, да преземат конкретни мерки и да ги санкционираат несовесните возачи кои со своето однесување ја доведуваат во опасност безбедноста на граѓаните.

Реакции кај граѓаните предизвика видеото објавено на социјалните мрежи, на кое се гледа како возач дрифта низ улиците на Штип со автомобил без регистарски таблички.

Ева Тушевска, М-Нет