
Намален бројот на новоинфицирани лица од ковид 19, но во текот на вчерашниот ден дури 3 лица во штипската Клиничка болница ја изгубиле битката со корона вирусот. Едно лице на 70 годишна возраст од Штип и две лица од Кочани на 59 и 69 години. Хоспитализирани се вкупно 45 ковид пациенти од кои 26 модуларна ковид болница и 19 на Инфективното одделение. 27 пациенти имаат потреба од кислородна поддршка. Слободни се 58 кревети од кои 19 во модуларната болница и 39 на Инфективното одделение без можност за кислородна поддршка, истакана потпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.
Во кочанската Општа болница со проширена дејност бројката на новозаразени лица од ковид 19 намалена. Вкупно хоспитализирани се 20 пациенти во ковид болницата од кои 10 имаат потреба за кислородна поддршка, а слободни се 10 кревети, истакна директорот на болницата, Александар Серафимов. Нема регистриранo ниту едно починато лице. Серафимов исто така посочи дека вакциналниот пункт во Кочани продолжува со работа. Ќе се вакцинираат граѓани и утре. За лицата кои добиле термин за вакцина и биле известени преку смс порака, ако се од Кочани може да се вакцинираат во Кочани, без разлика на кој пунк се ставени според Министерството за здравство.
Според информации од Институтот за јавно здравје, досега во земјата се направени вкупно 731.997 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.461, бројката на оздравени пациенти е 136.545, на починати е 5.042, а бројот на активни случаи изнесува 11.874.
Лаура Стојанова М-Нет