
60 земјоделци од Овче Поле денеска добија решенија за набавка на трактори, дел од вкупно одобрените 730 решенија кои претходно се доделија во Прилеп и Битола. Со ваквите решенија Владата субвенционира 75% од вкупната цена на тракторот. Премиерот, Димитар Ковачевски денеска од Свети Николе посочи дека заинтересираноста за програмите кои се воведени за земјодеците е на задоволително ниво.
„Денес започнуваме со доделување на 60 одобрени решенија за набавка на трактори овде во Свети Николе, што е дел од вкупно одобрените 730 решенија за државна финансиска помош за земјоделците за набавка на трактори. Вакви решенија веќе доделивме во Битола и во Прилеп. Распишаните четири јавни повици во текот на минатата година имаат рекордна заинтересираност до сега. За нас ова значи доверба за земјоделците во искрените заложби на Владата, да ја помогнеме земјоделската дејност.“ – вели Ковачевски.
Дека поддршка земјоделците добиваат и од ресорното министерство посочи денеска и министерот Љупчо Николовски. Истакна дека мерките започнале токму од Свети Николе, и е шокиран од бројот на апликации.
„Од тука земјоделците бараа, тие кои се регистрирани побараа да бидат повеќе привилигирани. Тие не работат во полиција, во администрација, тие работат само земјоделие и токму затоа за првпат распишавме мерка за којашто и ние сме навистина шокирани од бројот и апликациите“ – вели Николовски.

Од програмата за рурален развој се обезбедија 500 милиони денари за поддршка на земјоделиците за набавка на трактори, или 500 илјади евра само во Свети Николе. Со ова земјоделците добиваат соверемена механизација за модернизација на македонското земјоделство. Истовремено, Преку отворен јавен повик, земјоделецот има можност да добие поддршка до 10.000 евра за модернизација на своето производство, одбирајќи сам во што и кога ќе инвестира.
„Доделувањето на решенијата кои се 730 на број во првата фаза каде сите земјоделци кои ќе добијат решение и денес во Свети Николе и во останатите градови имаат рок од 10 дена да дојдат во агенцијата, да го потпишат решението и да влезат во реализација на инвестицијата.“ – додава Бачовски,
На настанот се потенцираше и работата на Агенцијата во изминатиот период. Бачовски истакна дека активно се работеше на спроведување на програмите за директни плаќања и исплата на субвенциите, реализацијата на интервентниот фонд како и на подготовките за новиот ИПАРД 3 програмски период кој доаѓа како нова можност за модернизација на земјоделските стопанства, преработувачките капацитети и руралните средини.
Лаура Стојанова М-Нет