60-годишник се обидел да изврши обљуба врз малолетничка од Штип

На 30.03.2022 на ул.„Славчо Стојменски“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода С.Р.(60) од Штип бидејќи околу 18.30 часот на крстосница од ул.„Славчо Стојменски“ со ул.„Вера Циривири Трена“ во Штип  се обидел да изврши обљуба врз малолетничка од Штип. Се работи на комплетирање на случајот, по што против С.Р. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.