551 слободно место за идните првачиња во Општина Штип

Започнат процесот на упис на првачињата во државата. Во Општина Штип 551 прваче можат од септември да седнат во училишните клупи, односно толку се слободни места во петте основни училишта во Штип. Во прво одделение ќе се запишат дечињата родени 2015 година, а дали и колку ќе биде потполнет капацитетот на училиштата ќе се знае по крајот на уписниот рок.

„Во Општина Штип имаме 551 место за упис на првачињата и тоа во училиштето „Ванчо Прке“ 118, во „Славејко Арсов“ 51, во „Димитар Влахов“ 126, во „Гоце Делчев“ 160 и во „Тошо Арсов“ 96 слободни места“ – истакна Биљана Казанџиска, раководител на секоторот за образование.

И оваа година ќе се почитува реонизацијата во Општина Штип, односно начинот на кои ќе се запишуваат дечињата во прво одделение и кое дете во кое училиште ќе биде запишано.

За почетокот на учебната година начинот на одвивање и за секакви дополнителни информации родителите ќе бидат претходно навремено известени.

Лаура Стојанова М-Нет