50 ученици Роми од ООУ „Гоце Делчев“ Штип дел од Летната школа за подобрување на образованието

Околу 50 ученици од ООУ „Гоце Делчев“ Штип од Ромската заедница се пријавени на конкурсот за Летна школа. Целта е да им се помогне на учениците од второ до четврто одделение кои биле дел од онлајн наставата и да го подобрат своето основно образование.

„Целта на оваа летна школа е со цел да се даде поддшка на учениците Роми во ООУ „Гоце Делчев“ во Штип од второ до четврто одделение. Оваа акција има за цел да се унапреди кваитетот на образованието за децата Роми кои беа дел од наставата во далечина за време на пандемијата и се соочија со различни предизвици“ – вели Адемов.

Основците ќе имаат можност да го подобрат своето знаење по предметите македонски јазик, математика и англиски за што ангажирани се пет наставници од истото училиште. Школата започнува со тест за пред знаење, а завршува со тест од она што е научено за овој период. На таков начин учениците полесно ќе можат да го совладаат материјалот од наредната учебна година.

„За поддршка на учениците се ангажирани пет тутори кои им помагаат во совладување на материјалот по македонски јазик, математика и англиски јазик.“ – додава Адемов.

Пост ковид 19 мерки за ревенција и управување во образованието за деца и возрасни е заеднички проект на Европската Унија и Советот на Европа.

Лаура Стојанова М-Нет