47 ковид пациенти во болницата во Штип

Од минатата недела капацитетот на инфективното одделение во Клиничката болница во Штип е надминат. Моментално на болничко лекување се 47 пациенти, шестмина од нив се на кислородна подршка. Заради актуелната ситуација со пандемијата одделението е проширено на сметка на неврологија, со што штипската болница има капацитет да лекува 60ттина заболени од ковод-19. Заради зголемениот обем на работа, медицинскиот кадар е зајакнат со персонал од другите одделенија, а лекарскиот кадар со инфектолог од Струмица.

За сега нема информација од болницата кој ќе биде следниот чекор доколку целосно се исполни капацитетот на болницата за болните од ковид-19.