43 годишен тракторист пронајден мртов во близина на Стар Караорман

43 годишен тракторист пронајден мртов во близина на штипската приградска населба Стар Караорман. Инфомрацијата ја потрвдуваат од СВР Штип, истакнувајќи дека во 21:50 минути во близина на Стар Караорман е пронајден 43 годишниот К.Ц. , а од страна на семејството било изјавено дека сега починатиот кон нивата се упатил околу 16 часот во текот на вчерашниот ден. Несреќата се случила кога лицето управувајќи со трактор се превртел и починал на самото место.

На местото на несреќата излегле полициски службеници, јавен обвинител, Итна медицинска помош и пожарникари од Територијалната противпожарна единица-Штип. Лекар од Брзата помош на местото констатирал смрт, телото на починатиот е предадено на семејството.

Лаура Стојанова М-Нет