Фудбал: Пионерско – младинските лиги на Македонија конечно ќе започнат со првенствени натпревари

Со мало временско задоцнување поради здравствените протоколи конечнo ќе започне првенството во Пионерско – младинска конкуренција на Македонија. Фудбалските школи на Брегалница редовно и дисциплинирано ги одвиваа подготовките, одиграа многубројни пријателски натпревари и сега се на ред првенствените обврски. Кординатор на Пионерско – младинските школи на Брегалница е Борче Постолов а тренери на соодветните возрасни категории се: на Помлади пионери – Драган Арсовски, на Пионери – Мијалче Прошев, на Кадети – Влатко Давитков и на Младинците исто така Мијалче Прошев. Сите овие селекции на Брегалница ќе се натпреваруваат со најдобрите екипи во најреномираната Супер лига на Македонија . Првото првенствено коло на овие екипи ќе се одигра на 23 октомври а прв противник на екипите на Брегалница ќе им бидат врсниците од тимот на скопски Вардар.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk