
Денеска 17 март се одбележува денот на основањето на Црвен крст во рамките на Република Северна Македонија, како и денот на крводарителството. За разлика од претходните години кога имаше низа активности поврзани со одбележување на овој ден, денеска тоа се направи на поинаков начин односно согласно мерките и протколите за заштита од Ковид 19.
Во Општина Кочани, по повод одбележување на денот на крводарителството, како и денот на основањето на Црвен крст и неговото 76 годишно постоење, вчера се одржа средба со градоначаникот Илијев со претставници од Црвениот крст Кочани.
Дарувањето на крв во овие две општини е задоволително. Крв даруваат лица од сите возрасни групи, а радува фактот што се повеќе на ваков хуман гест се одлучуваат и најмалдите. Во рамки на 17 март се одржа и онлај вебинар.
Лаура Стојанова М-Нет