41 прекршок санкциониран на ниво на Општина Кочани во изминатото деноноќие

Санкционирани 41 прекршок на ниво на Општина Кочани, во последните преземани активности од страна на СВР Штип, за воведување на ред во сообраќајот по патиштата.

„СВР Штип во текот на вчерашниот ден, спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на подрачјето на Општина Кочани. Притоа санкционирани се вкупно 41 прекршок меѓу кои: 13 за управување на возило без положен возачки испит, три со измината важност на сообраќајната дозвола, односно нерегистрирани, едно за управување на возило под дејство на алкохол, два за возачи почетници, пет за користење на мобилен телефон, 6 за неносење на заштитни маски и два за непрописно пристигнување.

Од СВР Штип апелираат до сите возачи да ги почитуваат сообраќајните знаци со цел воспоставување на ред во сообраќајот по патиштата.

Активностите на СВР Штип продолжуваа и во наредните денови  со засилени акциски конторили во сообраќајот со цел санкционирање на сите видови прекршоци особено на оние кои што се причина за случување на сообраќајни незгоди со потешки последици, како управување на возила со брзина поголема од пропишаната, управување  на возила под дејство на алкохол, управување на нерегистрирани возила и други видови прекршоци.

Лаура Стојанова М-Нет