
Поминаа 40 црни денови од големата трагедија во дискотеката Пулс во Кочани. 40 дена откако животот трагично го изгубија 62 лица, а околу 200 беа повредени. Болка, скршени срца, црнило во градот и некоролози кои сведочат за страшната 16 мартовска трагедија. Граѓаните во Штип сочувствуваат со семејствата на починатите и повредените, со оглед на фактот дека пет од починатите беа од Штип. Да не се заборави, но и да не се повотри, велат анкетираните штипјани на терен додавајќи дека болката не може да се опише со зборови.
И по 40 дена од трагедијата во дискотеката, во странските болници кои понудија помош се лекуваат 44 пациенти. Според министерот за здравство тие се во стабилна состојба. Останатите кои беа на лекување веќе се пуштени дома.
„Во странство мометално се 44 пациенти, се надеваме дека една пациентка утре ќе се врати. Сите пациенти се во добра стабилна сосотојба. Останатите пациенти се лекуваат во домашни услови“ – вели Таравари.
Во тек сѐ уште е истрагата за пожарот во дискотеката.За трагедијата во Кочани моментно се постапува по над 50 осомничени. Истрагата не е завршена, се уште трае, дел од обвинетите се во притвор, друг дел пуштени во домашен притвор.
А грашаните, семејствата на настраданиете од пожарот, секоја сабота бараат правда за своите ангели. Маршираат од паркот, кон трговскиот центар, до општинската зграда, полицијата и завршуваат пред Јавното обвинителство и Судот во Кочани.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет