Маж погоден од сачма додека работел на нива во Чардаклија

Утринава 33-годишник бил погоден во рака од сачма што била истрелана од ловџија додека работел на нива во Чардаклија. Повреденото лице помош побарало во Брзата помош во Штип, од каде бил упатен во Клиничка болница Штип каде му била укажана лекарска помош. Според првичните информации се работи за полесни повреди на раката. Настанот бил пријавен во СВР Штип и се работи на расчистување на случајот. Повеќе информации за овој настан се очекуваат во текот на утрешниот ден.