32-годишник пукал со пиштол на пријател кој го поседувал без дозвола во Штип

Денеска (16.06.2024) во СВР Штип бил извршен службен разговор со 32-годишник од Битола. По преземени мерки по претходна пријава дека на 15.06.2024 во 18.45 часот на ул.„Енгелсова“ во Штип имало пукање со пиштол, полициски службеници во угостителски објект го пронашле лицето од Битола заедно со 33 годишник од Штип и кај нив бил пронајден пиштол „Екол“ калибар 9 мм., сопственост на штипјанецот. Исто така, по преземени мерки било утврдено дека лицето од Битола пукало од пиштолот, кој штипјанецот го поседувал без дозвола. По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.