3% зголемување на пензиите од септември, дали им е доволно на штипските пензионери?

3% повисоки пензии од септември за пензионерите во Македонија. По најавувањето дека ќе има зголемување на пензиите, на терен ги прашавме постарите граѓани знаат ли кога и колкаво покачување ги очекува. Пензионерите децидни дека ги очекува зголемување за околу 600 денари на најниските пензии, и нешто околу 1500 ден за повисоките пензии. Тие се едногласни, велат зголемувањето е мало, а плакањето на сметки и лекови е големо, но додаваат дека не е во ред ред исто зголемување да добијат оние со пензија 20 000 и оние со пензија 50 000.

Анкетираните пензионери сметаат дека покачувањето е мало, воопшто нема ни да се почувства денар плус на почетокот на месецот, велат ништо не им значи и таа сума не е доволна. Потребно е пензиите да растат повеќе. Мал дел од пензиоерите се согласуваат со одлуката за покачувањето и велат колку е – толку е, добредојдено е.

За пензионерите 3% се чекор напред, но според нив, далекуод доволно за да се надоместат потребните трошоци за живот. Дали зголемувањето од 3% ќе им ја промени финансиската состојба барем малку кај пензионерите останува да видиме по септемвриската исплата.

Ева Тушевска, М-Нет