27-годишник од Штип со автомобил излетал на регионалниот пат Три Чешми – Кадрифаково

Денеска (17.08.2025) околу 02:20 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат Кадрифаково-Три Чешми, патничко моторно возило „фолксваген“ со штипски регистарски таблици, управувано од Љ.Р.(27) од Штип, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип.